Произведуваме квалитетни електрични котли за топловодно греење од 6kW до 36kW во повеќе димезнии и тристепен регугулационен термостат кој овозможува степенесто вклучување и исклучување на грејачите во зависност од постигнатата температура. Со тоа се овозможува намалување на потрошувачката на електрична енергија.
Топловодните котли се одликуваат со компактен дизајн и квалитетен изглед, а квалитетните вградени производи говорат за нивниот квалитет.
Произведуваме две серии на електрични котли: Стандард и Моноблок котли и вршиме нивна монтажа.
Котлите од 6kW, 9kW, 12kW, 18kW имаат приклучок од 1’’ од двете страни.
Котлите од 24kW, 30kW, 36kW имаат приклучок од 5/4’’ од двете страни.
СТАНДАРД серијата се топловодни електрични котли со димензии 300х670х210 (mm) и се од 6kW до 36kW.
√ Гаранција: 24 месеци √ Сервис √ Сертификат за квалитет √ Упатство за употреба |
МОНОБЛОК серијата се топловодни електрични котли кои претставуваат мини котларница, односно сите потребни елементи (пумпа, експанзионен сад, сигурносен вентил, термоманометар, славина за полнење и автоматско лонче за обездушување) се заедно во една кутија.
Моноблок котлите можат да бидат со ЛЕВ и ДЕСЕН излез или по потреба со ДОЛЕН излез.
Димензии: 700х670х210 од 6kW - 24kW 600х670х210 од 6KW – 18kW 24 месеци за квалитет |
√ Гаранција: 24 месеци √ Сервис √ Сертификат за квалитет √ Монтажа √ Упатство за употреба |